Откако големиот iPad Pro 12.9 (2021) се префрли на mini-LED дисплеј, помалите модели би можеле да преминат на OLED. Јужнокорејскиот ETNews известува дека Apple своите iPad модели да ги префрли на OLED во текот на 2022. година. Ова ќе биде првиот таблет на Apple,  кој нема да користи некој вид на LCD екран.

Samsung и LG најверојатно ќе бидат снабдувачи на споменатите OLED панели. Двете компании моментно работат на OLED панели за iPhone 13 линијата.

Меѓутоа, додека OLED панелите за телефони се произведуваат во големи количини, верзиите за таблетите се ретки. Некои Android таблети користат OLED панели, но бидејќи Apple годишно продава преку 50 милиони iPad модели, компаниите кои произведуваат OLED панели за овој формат ќе мораат да инвестираат во проширувањето на своите производни капацитети во фабриките.

Apple најверојатно ќе почне со премин на OLED со додавање на овие екрани на неколку iPad модели во старт, а повеќе ќе имплементираат како што ќе се зголемат производните капацитети.