Apple неодамна ја претстави серијата iPhone 14, чија цена надвор од САД е значително повисока од претходната серија. Apple сега најави зголемување на цената на апликациите во App Store.
Apple најави дека цените на апликациите, како и купувањата во рамките на Apple Store, ќе бидат зголемени во неколку земји во светот, како и во сите земји кои го користат еврото како валута. Новите цени стапуваат на сила од 5 октомври годинава.
Ако се прашувате во што е „финтата“, Apple не им дозволува на програмерите директно да ја одредуваат цената на нивните апликации, наместо тоа тие треба да изберат од едно од понудените нивоа. На овој начин се диктираат глобалните цени на апликациите, а тоа помага и во избегнување на постојани промени на флуктуирачките вредности на валутите.
Apple исто така објави PDF документ кој содржи ревидирани нивоа на цени за апликации, кој е достапен овде.
Програмерите имаат опција да ги задржат тековните цени за постоечките претплатници, што значи дека нема да бидат засегнати претплатите со автоматско обновување. Дополнително, програмерите можат да ги намалат цените на нивните апликации за да компензираат за зголемените трошоци, а таа одлука зависи од нив.