Apple работи на нов телефон, што ќе претставува целосно нов вид на уред за оваа позната американска компанија. Се работи за смартфон на преклоп, кој ќе биде опремен со флексибилен екран.

Компанијата Apple е позната по тоа што не изнесува информации за новите производи пред да ги пласира на пазарот, но се чини дека овој уред е веќе во поодмината фаза на развој.

Два прототипa на iPhone уреди на преклоп успешно ги поминаа интерните тестирања во фабриката во Кина, пишува The Economic Daily Times.

Според информациите кои досега излегоа во јавноста, новиот модел на Apple би требало да наликува на Samsung Galaxy Fold – ќе има помал преден екран, камери сместени на задната страна на уредот и голем флексибилен екран кој се добива откако ќе се отвори телефонот.

Извор: B92.net