Apple објави дека ќе го одржи својот следен настан на 7 септември во кампусот на компанијата Apple Park.
Со оглед на тоа дека се работи за септемвриски настан, фокусот треба да биде на новите модели на iPhone. Новитет годинава ќе биде iPhone 14 Plus/Max, со димензии на моделот iPhone 14 Pro Max, но со карактеристики на стандардниот iPhone 14. Се очекува да го замени iPhone mini.
Се очекува и новите модели на iPhone да добијат ажуриран дисплеј, со издолжен отвор за селфи камерата и сензорите и да го заменат моменталниот засек/заб.
Go for launch. Tune in for a special #AppleEvent on September 7 at 10 a.m. PT.
Tap the ❤️ and we’ll send you a reminder on event day. pic.twitter.com/T9o7qJt72E
— Apple (@Apple) August 24, 2022
Новина за овогодинешната линија на iPhone ќе биде „секогаш вклучен“ дисплеј, а се очекува ли тоа да биде достапно само кај Pro моделите. Чиповите A16 Bionic ќе бидат ексклузивни за моделите Pro, додека стандардните iPhone ќе го добијат минатогодишниот чип A15.
Кога станува збор за камерите, се очекува моделите Pro да добијат сензори до 48 мегапиксели. Покрај тоа, сите модели ќе добијат нова предна камера со автофокус.
Заедно со новата серија на iPhone, се очекуваат и паметните часовници на Apple Watch Series 8, во стандардни и Pro верзии. Останува да видиме дали ќе видиме ажурирања за уредите iPad Pro и Mac.