Аналитичарот Марк Гурман ја смени својата прогноза, кога е во прашање најавата за MacBook Air уредот со чипот M3, а има информации и за новиот MacBook Pro.

Според Марк Гурман од Bloomberg, Apple M3 MacBook Pro би можел да биде претставен на почетокот на 2024 година, додека M3 MacBook Air би можел да биде лансиран неколку месеци подоцна.

Гурман претходно сугерираше дека MacBook Air со новиот процесор ќе пристигне во октомври, но сега ја промени својата прогноза на „најрано меѓу пролетта и летото следната година“.

Тој посочува дека моделите M3 MacBook Air од 13 и 15 инчи се подложени на инженерско тестирање за верификација. Од друга страна, новите M3 MacBook Pro модели се во напредна фаза на развој и се приближуваат до масовно производство.

Што се однесува до моделите MacBook Pro од 14 и 16 инчи, со чиповите M3 Pro и M3 Max, тие стигнаа до фазата на тестирање за валидација на дизајнот. Тоа значи дека се очекуваат меѓу почетокот и пролетта 2024 година.