Стриминг услугите постојано поскапуваат – парадоксално, тие се чини и дека не престануваат да растат, што најдобро се гледа во случајот со Apple TV.

Според претходните податоци, Apple TV имаше 45 милиони претплатници, но официјалните лица тврдат дека бројките сега се многу повисоки.

Во најновата епизода од подкастот „The Town“, потпретседателот за услуги на Apple, Еди Кју, рече дека бројот на претплатници надминува 45 милиони, и тоа „значително повеќе“. Сепак, тој не сакаше да даде точна бројка.

Според некои претходни податоци, Apple е малку над бројот на претплатници на платформата Peacock, која е во сопственост на NBC Universal, но има многу спротивставени информации на интернет.

Од самиот почеток, Apple TV (до неодамна Apple TV+) имаше само оригинална продукција, па затоа е јасно зошто е далеку зад конкурентите како што се Netflix или Amazon Prime.