За оние кои страдаат од пост-трауматско нарушување, има решение на повидок. Apple Watch преку апликација ќе им помага на оние кои страдаат од тој сиондром. Американската агенција за храна и лекови (FDA) објави дека е одобрена апликацијата Nightware.
Сензорите на Apple Watch ги следат отчукувањата на срцето и движењата на телото во сонот, а тие податоици се испраќаат на сервер, каде се поредуваат со помош на алгоритми со вообичаените податоци на луѓето во сонот. Доколку апликацијата Nightware одлучи дека корисниците ги мачи кошмар, часовникот испраќа вибрации во обидот дa го наруши кошмарот што го мачи корисникот. Nightware не е наменет како самостојна помош во лечењето на пост-трауматско нарушување и би требало да биде користен под надзор на здравствената установа или медицински работник.
Од објавата на американската FDA се гледа дека е потребно користењето на апликацијата да се препише со рецепт и со самото тоа, таа апликација не е за секого. Се наведува дека оние кои „одат во сон“ или страдаат од слични состојби кои се манифестираат физички, не би требало да ја користат таа апликација. Исто така, на корисниците им е препорачано да го повикаат својот доктор, доколку кошмарите продолжат или доколку вибрациите од часовникот доведат до будења кои не се во врска со кошмарите.