Apple побара од Foxconn да пресели некои производни капацитети за iPad и MacBook во Виетнам, пренесува Reuters. Погоните треба да го покренат производството во првата половина на следната година во провинцијата на Foxconn, Bac Giang. Според изворот на Reuters, Apple сака да го направи разновиден својот синџир на снабдување поради тековните трговски спорови помеѓу САД и Кина.
Извештајот на reuters не наведува кои модели на iPad или Mac ќе бидат склопени во Виетнам, ниту кој дел од вкупното производство ќе биде преместен од Кина. Но, ова не би биле првите производи на Apple кои се составени во Виетнам – Apple таму почна да ги произведува AirPods слушалките претходно оваа година. Apple, исто така, ја користеше Индија за производство на одредени модели на iPhone, иако тоа воглавно и претходи на американско-кинеската војна и и помага на компанијата да ги исполни локалните увозни прописи.
Nikkei претходно оваа недела објави дека Foxconn планира инвестиција од 270 милиони долари во Виетнам за да го прошири својот производен капацитет. Тајванската компанија наводно сели повеќе од 30 проценти од своите производни линии надвор од Кина.