Apple го најави „passkey“, следната генерација на акредитиви кои ќе овозможат побезбедно најавување на апликации и сајтови на кој било уред, вклучувајќи iPhone, iPad, Mac и Apple TV.
Новата опција беше воведена заедно со macOS Ventura, за време на неодамнешната конференција WWDC22, а passkey беше дизајниран да помогне во промената на лозинките на уредите на Apple.
Apple истакнува дека лозинките се проблематични бидејќи се зачувани на веб-сервери, што им дава можност на хакерите да ги украдат или да ги измамат корисниците да ги споделат со други. Од компанијата посочуваат дека ниту една од споменатите опции не е можна кога лозинката се заменува со passkey.
„Прелистувањето на Safari е уште побезбедно со passkey, акредитиви од следната генерација кои се побезбедни, полесни за користење и дизајнирани да ги заменат лозинките. Овие клучеви за пристап се единствени дигитални клучеви што остануваат на уредот и никогаш не се складираат на веб-сервер, така што хакерите не можат да ги објават или да ги измамат корисниците да ги споделат. Passkey го олеснува безбедното најавување, користејќи Touch ID или Face ID за биометриска потврда и iCloud Keychain за синхронизација преку Mac, iPhone, iPad и Apple TV со end-to-end шифрирање. Тие, исто така, ќе работат во апликации и на веб, а корисниците можат дури и да се логираат на веб-локации или апликации на уреди кои не се на Apple користејќи го нивниот iPhone“, се вели во соопштението на компанијата од Купертино.
Поддршката за Passkey ќе им овозможи на корисниците брзо и лесно да се логираат на нивните апликации и сајтови, без да мораат да запомнат никакви лозинки. Passkey поддршката ќе биде достапна како дел од ажурирањето на macOS Ventura, заедно со надградбите на iOS 16, iPadOS 16 и tvOS 16.