Apple официјално ја објави Chrome екстензијата за Windows, што овозможува користење на лозинки складирани во iCloud.
Екстензијата доаѓа заедно со iCloud 12.0 верзијата за Windows, која сега има „passwords“ секција во листата на достапни услуги. Со кликнување на оваа опција, се прикажува прозорец кој сугерира дека е потребна iCloud Passwords екстензија за Windows, како и да се преземе екстензија за лозинките автоматски да се пополнуваат со Keychain iCloud.
Доколку Safari се користи за автоматско генерирање на силни лозинки за сајтови, екстензијата ќе овозможи користење на оваа опција и во Chrome. Покрај тоа, лозинките креирани во Chrome за Windows ќе се синхронизираат со iCloud, за да можат да се користат на Apple Mac, iPad и iPhone уредите.
iCloud Passwords е еден од ретките производи на Apple што е достапен на екосистемот на Windows, заедно со Apple TV+ за Xbox. Компанијата наводно планира нови медија апликации за Windows, а се шпекулира дека планира да ги пренесе своите Music и Podcasts апликации во Microsoft Store.