Најновото ажурирање на софтверот за iPhone, кое од јануари е достапно како јавна бета верзија, се уште нема официјален датум на објава, иако Apple за време на настанот Peek Performance најави дека ќе пристигне помеѓу 14 и 18 март.
Бидејќи новите функции на iPhone 13 и 13 Pro ќе пристигнат на 18 март, заедно со пуштањето во продажбва на штотуку објавениот iPhone SE (2022), нашата претпоставка е дека iOS 15.4 ќе биде достапен на истиот датум.
Во секој случај, новата верзија со себе ќе донесе неколку интересни промени во начинот на работа на компатибилните модели на iPhone.
Главното ажурирање се однесува на Face ID, со поставка што овозможува софтверот за препознавање лице да работи дури и кога корисникот носи маска. Ова, се разбира, се надоврзува на претходното решение направено од Apple, во кое вообичаените безбедносни проверки на Face ID може да се заобиколат доколку корисникот носи Apple Watch поврзан на неговиот iPhone. За оние кои не поседуваат ниту еден од паметните часовници на Apple, ова треба да се покаже како мала, но корисна функција.
Доаѓа и новата функција Tap to Pay , која овозможува компатибилните iPhone модели да се трансформираат во терминали за бесконтактно плаќање. Иако не е масовно привлечна функција, тоа значи дека iPhone наскоро ќе има потенцијал да стане дигитален регистар, а за оние кои имаат бизниси кои се потпираат на наменски читачи на картички, им овозможува сето тоа да го направат од паметен телефон.
Тука е и новата безбедносна фѕункција за AirTags, а во однос на компатибилноста, iOS 15.4 ќе биде достапен за секој уред што веќе поддржува iOS 15. Тоа значи дека сите уреди, од првата генерација на iPhone 6S до iPhone 13 би треба да го поддржуваат.