Програмерот со името Blue Edge го креираше WIndows 11 во рамките на браузер симулацијата под името „Windows 11 in React“, а користеше ReactJS, SCSS и CSS.

Сајтот овозможува да се испроба графичкиот интерфејс на почетниот екран на оперативниот систем, но во лимитиран облик. На пример, можно е да се извршат основните интеракции, како што е стартување на Старт менито, отворање на Edge браузерот, покренување на Microsoft Store и друго.

Интересно е дека кога ќе се проба стартување на File Explorer во рамките на Windows 11 in React, се отвора „Coming Soon“ страницата, што можеби укажува на тоа дека повеќе елементи на платформата ќе бидат додадени во овој проект. И натаму се очекува лимитирано искуство, бидејќи е невозможно во целост да се симулира комплетниот оперативен систем како што е Windows 11 во рамките на браузерот.

За оние кои се заинтересирани за забавуваат, Windows 11 in React е достапен ТУКА.