Новата рекламна кампања на BMW вклучува прикажување на пораки на електронски билборди упатени до сопствениците на автомобили кои повеќе не се покриени со гаранција.

Баварците велат дека нивната цел е да ја користат технологијата за препознавање регистарски таблички за да прилагодат реклами адресирани до возачите на BMW, без да го истакнат статусот на нивната гаранција.

Наместо тоа, се користат само јавно достапни информации. „Персонализацијата не е видлива на огласот, ниту, пак, информациите за возилото или клиентите се зачувани или задржани.“

Првично се тврдеше дека новата иницијатива е насочена кон возачите на BMW на кои им е истечена новата или одобрена користена гаранција. Сопствениците ќе добиваат персонализирани пораки на електронски билборди покрај патот, истакнувајќи го фактот дека тие веќе немаат валидна гаранција.

Тие ќе бидат предупредени дека нивното возило не е покриено кога станува збор за трошоците за поправка, па затоа се повикуваат „да размислат за купување на BMW Insured гаранција преку интернет“.

Електронските билборди користат технологија за детекција на возила и со нејзина помош тие ги издвојуваат сопствениците на BMW со истечена гаранција.

Сепак, BMW сега инсистира на ангажираните билборди да се прикажува генеричка порака „која ќе биде прикажувана на повеќето модели на BMW постари од 35 месеци“.

„Нема лични идентификациони информации кои се користат во овој процес, ниту пак имавме пристап до какви било лични податоци“, велат Баварците.

 

Извор: Додај Гас