Од Boston Dynamics се навикнавме на видеа кои предизвикуваат интензивни реакции – од чудење и неверување до ентузијазам. Оваа компанија е најпозната по своите роботи „Атлас“ и „Спот“, а видеата на Атлас и неговите гимнастички и паркур-способности се особено импресивни.
Од друга страна, иако се покажа како корисен робот во практика, особено за време на пандемија, многумина го нарекуваат „Спот“ застрашувачко робот-куче, поради неговиот донекаде агресивен изглед и движења. Исто така, „Спот“ извесно време се користеше во полициските акции во Њујорк, а беше тестиран и од француската армија, која наиде на многубројни критики поради милитаризацијата на роботот.
Happy holidays and many thanks to everyone who helped drive Spot’s success this year! We’re excited to see where you can take our robots in 2022. pic.twitter.com/wnIZKAuhbF
— Boston Dynamics (@BostonDynamics) December 21, 2021
Boston Dynamics пред неколку години ја покажа другата страна на „Спот“ и објави видео со Дедо Мраз во санки што го влечат роботи „Спот“ наместо ирваси. Оваа година компанијата за роботика, која сега е во сопственост на Hyundai, се одлучи и за видеочеститка со „Спот“ во главната улога, но според коментарите на интернет, може да се заклучи дека никој не е баш воодушевен од честитката.
Иако вообичаено очекуваме сцени од празнични реклами кои предизвикуваат чувства на топлина, нежност и заедништво, видеото на Boston Dynamics предизвикува повеќе ужас и непријатност отколку што ќе ви донесе насмевка на лицето. Заедно со видеото, кое можете да го погледнете во прилог, преку Твитер, Boston Dynamics им се заблагодари на сите што помогнаа во овогодишниот успех на „Спот“ и истакна дека се возбудени за 2022 година и новитетите што ќе ги донесат нивните роботи.
Извор: Zimo.hr