Canon го претстави необичниот фотоапарат PowerShot Zoom кој изгледа како џебен телескоп. Компанијата оваа идеја ја прикажува веќе некое време, а неодамна почна кампања за собирање средства за нејзина реализација во Јапонија.

PowerShot Zoom е мал уред со електронски viewfinder, има 1/3-инчен 12MP сензор и две фокусни далечини што можат да се менуваат, од 100мм и 400 мм. Тука е и дигиталното зумирање до 800мм. Објективот е f/5.6-6.3, што сугерира дека уредот веројатно не е најподобен за користење во услови на слабо осветлување.

Canon истакнува дека производот е дизајниран за луѓе кои уживаат во активности во природа, како што е гледање на птици, планинарење и слично. Меѓутоа, може да биде корисен додаток и за гледачите на натпреварите или другите спорстки натпревари.

Фотоапаратот се полни преку USB-C порт, а фотографиите и видео фајловите ги чува на microSD картичка. Исто така, можно е да се пренесуваат фотографиите на телефонот преку Wi-Fi и Bluetooth конекција

Canon PowerShot Zoom ќе се најде во продажба следниот месец, по цена од 300 долари.