Руската компанија Caviar, која редовно објавува луксузни Limited Edition телефони, овој пат го претстави iPhone 12 Pro – без камери!
Titanium iPhone 12 Pro Stealth e дизајниран како би го заштитил сопственикот од тајно следење. Ознаката Stealth се однесува на спречување детекции при користењето на различни технологии кои ја намалуваат рефлексијата/емитирањето на радарот, инфрацрвеното и видливото светло, спектрумот на радио фрекфенција и зувк – сето ова е колективно познато како „stealth“ технологија.
Главната карактеристика на моделот Titanium iPhone 12 Pro Stealth е недостатокот на камери. Сите камери на задната страна се отстранети, додека предната камера е оневозможена. Како резултат на тоа, измамниците и хакерите немаат пристап до телефонот. Во некои индустрии, каде безбедноста е многу важен аспект, користењето на телефони со камери не е дозволено.
Новата колекција се состои од два модели: iPhone 12 Pro Stealth и iPhone 12 Pro Stealth Gold. Првиот модел е креиран од зајакнат титаниум со вертикални Guilloche декорации. Другиот модел е поживописен, со куќиште од зајакнат титаниум и дополнителни издржливи PVD од злато.
Caviar ќе создаде 99 копии од двата модели. Stealth Edition има почетна цена од 5.060 долари, додека Stealth Gold Edition има цена од 5.520 долари, а достапни се во верзии со 128GB, 256GB и 512GB простор за складирање на податоци.
Извор: Benchmark.rs