Google ги објави новите ажурирања на прелистувачот Chrome и успеа да ги подобри перформансите на Mac компјутерите на Apple. Новото ажурирање му овозможи на Chrome да заработи над 300 поени на мерењето на брзината што се користи за да се процени колку брзо реагира прелистувачот.
Google одлучи да направи пост на блогот Chromium и да ги објасни технолошките подобрувања кои беа воведени во изминатите месеци за да го направат Google Chrome „најбрзиот можен пребарувач“. Google го напиша ова во изданието M99 на пребарувачот, што е најновата верзија. Google наведе и дека успеал „значително“ да ја зголеми брзината на прелистувачите на сите големи платформи.
„Надоврзувајќи се на многуте промени во перформансите во изминатата година, го овозможивме ThinLTO во M99, техника за оптимизација на изработка која дава приоритет на кодот фокусиран на брзината на прелистувачот. Резултатот? Дополнително зголемување на брзината што го прави Chrome седум проценти побрз од Safari. ”
Chrome беше лансиран за M1 Mac кон крајот на 2020 година и беа направени многу оптимизации. Google вели и дека Chrome е сега 15 проценти побрз од Safari кога станува збор за графичките перформанси. Компанијата спомена и дека ќе продолжи да инвестира во иновативни функции кои ќе ги „поттикнат перформансите на Chrome“, пренесува WCCF Tech.