Пребарувањето во Google Chrome стана многу побрзо – а тоа не е сѐ во новото софтверско ажурирање.

Chrome и натаму е најпопуларниот интернет прелистувач на компјутерите и мобилните телефони, но програмерите на Google не смеат да се опуштат поради постојано подобрувањето на конкурентските прелистувачи како Microsoft Edge и Mozilla Firefox.

И токму кога некои корисници помислија дека е време да го заменат Chrome со нешто ново, Google има ново издание, кое бара помалку меморија, а е побрзо.

На официјалниот блог на Chromium беше објавено дека пребарувањето на интернет преку полето за внесување на адресата на страницата станало уште побрзо (omnibox), дека развојниот тим поправил грешка поради која прелистувачот се гаси случајно и дека прелистувачот е поставентака да сега користи помалку компјутерски ресурси, особено меморија.

Google дури измери точно колку брзо ќе заврши пребарувањето – 500 милисекунди од внесувањето на терминот за пребарување, а кога опцијата за автоматско комплетирање на фразата е вклучена, уште побрзо. Ова важи и за опцијата Google Search, иако преку новата верзија на Chrome програмерите на Bing, Yahoo или DuckDuckGo ќе можат да ја искористат новата опција.

Опцијата за таканаречено локално кеширање на прелистувачот Chrome беше додадена во текот на 2020 година за да се поддржи побрзото лансирање на програмата, но предизвикуваше различни проблеми на различни оперативни системи и се случуваше и целосен пад на самиот Chrome. Според овој блог, и овој важен проблем е решен со коментар дека кеширањето не е секогаш решение кое е неопходно.

Новиот Chrome може да го пробате уште сега, користејќи ја патеката за ажурирање: трите точки горе десно > Help > About Google Chrome.

Извор: Mondo.rs