Според последниот извештај на аналитичката компанија Counterpoint Research, iPhone 12 е смартфонот што најмногу се продаваше во текот на првиот квартал оваа година, додека се најде на второто место iPhone 12 Pro Max. Гледајќи го остварениот приход, двата модела на Apple ги заменија местата.

Во текот на првиот квартал, остварен е рекорден приход од над 100 милијарди долари од продажбата на телефони. Очекувано, премиум уредите генерираа најмногу пари – моделите со цена над 400 долари сочинуваат 65 проценто од вкупниот глобален приход.

Некои пазари преферираат исклучиво премиум телефони. На американскиот пазар, iPhone 12 Pro Max го надмина стандардниот iPhone 12 според продажбата, додека ситуацијата е поинаква на глобалниот пазар. Слично, Galaxy S21 Ultra оствари подобри резултати од останатите модели од линијата во САД и Европа. Интересно е дека и покрај тоа, S21 Ultra не се наоѓа во Топ 10 според бројот на продадени модели, а според приходите е зад постариот iPhone 11 модел.

Apple води во сегментот над 400 долари, додека iPhone 12 серијата на компанијата сочинува третина од глобалните приходи на полето на телефони во текот на првиот квартал од оваа година. Samsung е водечки во опсегот од 150-250 долари, додека сегментот од 150 долари го преводи Xiaomi.