Chromebook моделот сега има LTE конекција, што уредите ги прави солидна опција за учење од дома. Бидејќи силната Wi-Fi врска не е секогаш нешто до кое секој има директен пристап, а Chromebook-уредите можат релативно лесно да бидат распоредени во училишните области, ова освежување всушност може да биде многу корисно.

Многу училишта ширум светот скоро целосно се префрлија на домашно учење, што значи дека Dell Chromebook 3100 со LTE може да ги реши сите долготрајни проблеми на учениците кои немаат пристап до материјалите и часовите. Нема дополнителни значајни хардверски подобрувања кај Chromebook 3100, освен оваа дополнителна поврзливост. Скромен е во речиси секој поглед со 11,6-инчниот екран со прилично ниска резолуција од 1366×768 пиксели и вградената веб-камера. Хардверот е основен, со Intel Celeron N4020 dual-core процесор, 4GB RAM меморија и опциите за 16GB или 32GB eMMC простор за складирање.

Треба да се осигура трјноста, бидејќи Dell Chromebook 3100 LTE е речиси целосно пластичен, со тастатура отпорна на истурање течности – нешто што може да биде корисно за помладите деца. Траењето на батеријата е импресивно, благодарение на оперативниот систем Chrome OS и се проценува на околу 14 часа со целосно полнење. Вклучен e 65-ватен USB-C полнач кој помага во полнењето на супер брз начин. Се разбира, има 3,5 мм приклучок за слушалки со само еден USB-C порт што се нуди на овој ажуриран модел. Ова е разочарувачки со оглед на тоа што Wi-Fi моделот е конфигуриран со два USB-C приклучока.