Претходно се појавија информации и бенчмарк тестови за следниот чипсет на компанијата MediaTek, а сега знаеме дека неговото име ќе биде Dimensity 1200. Ова го сугерира дојавувачот Digital Chat Station, кој тврди дека имал увид во техничката документација на чипсетот.

Според тврдењата на дојавувачот, Dimensity 1200 SoC ќе има поголеми брзини на работниот такт во однос на Snapdragon 865, што би требало да испорача целокупни подобри перформанси. Решението на компанијата MediaTek ќе има унапреден ISP, за подобар квалитет на камерата и некои 5G подобрувања.

Судејќи според неодамнешните бенчмарк тестови, Dimensity 1200 го надмина Snapdragon 865 во однос на перформансите, што се поклопува со најновиот извештај. Сите официјални детали ќе ги дознаеме веќе на 20 јануари, кога MediaTek ќе одржи настан во текот на кој се очекува да биде претставен Dimensity 1200 чипсетот.