Компанијата Sony соопшти дека новиот DualShock контролер на конзолата PlayStation 5 може да се користи на секој Apple уред кој го користи најновиот оперативен систем.

Sony им овозможи на гејмерите да го користат DualShock на сите уреди на Apple, вклучувајќи ги iPhone, iPad, iPod Touch, Apple TV и Mac со оперативниот систем macOS Big Sur 11.3 и да играат компатибилни игри.

The Verge ја тестираше оваа функција во комбинација со iPhon 12 mini и iPad Pro, а она што е лошо е фактот дека нема хаптички фидбек, поради чувството е малку чудно. Секој пат кога сакате да го промените уредот што го користите, ќе морате DualSense контролерот повторно рачно да го спарите. Интегрираниот микрофон, влез за слушалки и звучник исто така не работат. Квалитетот на стримингот зависи од безжичниот интернет во вашиот дом.