Eлон Маск откри дека има aспергеров синдром (ВИДЕО)

пред 3 години

Елон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, како гостин-водител на американското телевизиско шоу „Saturday Night Live“, објави дека има Аспергеров синдром.

Во воведното обраќање пред гледачите, тој рече дека тој е првиот човек со АС што го водел ова шоу, но се покажа дека тоа не е точна информација.

Имено, канадскиот актер Дан Ајкројд во 2003 година беше првиот гостин-домаќин кој отворено зборуваше за овој синдром пред милионска публика.

Бизнис магазинот „Форбс“ го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари. Најголем дел од своето богатство го оствари преку ко-сопственост на „Тесла“ и целосна сопственост на „Спејс Икс“.

Аспергеровиот синдром е состојба од аутистичниот спектар што е поврзана тешкотии со социјализацијата, а најчесто се забележува во третата година од животот. Тоа е развојно нарушување обележано со неможност да се разбере како да се однесуваме во општеството.

Експертите наведуваат дека други карактеристики се несмасност и некоординирани движења, како и нарушување на социјалниот контакт со екстремен егоцентризам, ограничени интереси и / или невообичаени интереси, повторливи рутини и ритуали, подготовка на говор и јазик и проблеми со невербална комуникација.

Share
Scroll to Top