Компанијата Ericsson ја надмина кварталната прогноза за заработка на својата основна дејност, со што цената на акциите се зголеми за 8 отсто, бидејќи глобалната побарувачка за телекомуникациска опрема за 5G мрежи ја надомести поголемата рецесија во континентална Кина.
И покрај одредени проблеми, Ericsson ги компензира приходите благодарение на големата побарувачка на други места.
„Гледаме дека Северна Америка продолжува да расте многу силно. Таму забележавме раст од 16% во кварталот во постојани валути“, изјави главниот финансиски директор Карл Меландер.
Иако оживеаната Nokia ја засили конкуренцијата на некои пазари, Ericsson успеа да порасне и во Европа и во Латинска Америка во четвртиот фискален квартал.
Кина рано ги лансираше своите 5G мрежи, но другите земји го достигнуваат чекорот. Досега Ericsson има потпишано 170 договори за 5G.
„Сметаме дека сè уште е релативно рано да се имплементира „5G“ ако погледнете низ целиот свет, така што ќе продолжиме да уживаме во добра побарувачка за „5G“ во иднина“, рече извршниот директор Борге Еколм.
Кварталната приспособена оперативна добивка се зголеми на 11,9 милијарди шведски круни (1,28 милијарди долари) од 11 милијарди шведски круни една година порано. Таа ја надмина просечната прогноза на аналитичарите од 10,30 милијарди круни, според „Refinitiv“.
Без трошоците за реструктуирање, оперативниот профит се искачи на 12,3 милијарди круни.
Иако вкупните квартални приходи се зголемија за 2% до 71,3 милијарди круни, надминувајќи ја прогнозата од 68,33 милијарди круни, приходите од продажба во континентална Кина се намалија за 1,8 милијарди круни.