Компаниите Ericsson, Telia и Qualcomm се здружија за да ги тестираат новите самостојни (SA) 5G можности на мрежите на операторите, дизајнирани значително да ја намалат латенцијата и потрошувачката на батерија за корисниците на паметни телефони и клиентите на компаниите.
Триото ги здружи силите за да развие активна состојба на контрола на радио-ресурси (RRC Inactive), функција за која наведуваат дека ја намалува количината на потребната сигнализација во текот на транзицијата на состојбата, што има ефект на намалување на латенцијата и потрошувачката на батерија.
Сметаат дека тоа се клучни барања за многуте случаи на употреба на IoT и 5G, вклучувајќи ја критичната контрола на далечинските уреди, подобрениот мобилен широкопојасен интернет и паметен транспорт.
За да го имплементира RRC Inactive, Ericsson го користеше својот софтвер и SA 5G јазлите со тестен уред покренат од Snapdragon X60 модем-RF системот. Компаниите објаснија дека успеале да покажат успешна транзиција помеѓу „поврзаната и неактивна состојба“, без при тоа уредот да се врати во мирување.
Преминот во нова неактивна состојба ја намалува количината на сигнализација потребна за време на транзицијата на состојба, што ја намалува латенцијата за крајниот корисник до три пати. Ако ова го ставиме во случаите на употреба во реалниот свет, скратениот заостаток ќе има „големо влијание“ на искуството при користење апликации, вклучувајќи ги и cloud и VR игрите.
Оваа функцијата овозможи заштеда на батеријата до 30 проценти при активирање на RRC Inactive, при што екранот и поврзаната електроника се најголемите потрошувачи на батеријата во мобилниот уред.
Џени Линдквист, раководител на Ericsson за северна и централна Европа, рече дека пресвртница е „подигнувањето на 5G технологијата на повисоко ниво, и RRC ќе продолжи да игра критична улога за 5G мрежите во годините кои доаѓаат“.