Facebook се спротивстави на продажбата на пребарувачот на гифови, оспорувајќи го заклучокот на британскиот регулатор дека купувањето на Giphy може да ја наруши конкуренцијата меѓу социјалните мрежи.
Facebook објави купување на Giphy минатата година за да ја интегрира својата огромна база на податоци со гифови во Instagram и другите апликации. Порталот Axios ја проценил вредноста на трансакцијата на 400 милиони долари.
Во прилог на базата на податоци, Giphy нуди и алатки за креирање, споделување и колажирање на гифовите.
Плановите на Facebook биле спречени од страна на британскиот регулатор за конкуренција CMA, покренувајќи истрага на почетокот на оваа година поради сомневања дека купувањето на Giphy може да ја наруши еднаквата конкуренција на социјалните медиуми.
API на Giphy исто така го користат конкурентите на Facebook- Twitter, Pinterest, Slack, Reddit.
Во август, CMA прелиминарно заклучила дека договорот за купување треба да биде раскинат и дека Facebook можеби ќе треба да го продаде Giphy.
„Милиони објави на социјалните медиуми содржат гифови. Скратениот избор и гифовите со послаб квалитет може значително да влијаат врз употребата на овие страници и одлуката на луѓето да се префрлат на друга платформа, како што е Facebook”, заклучува регулаторот.
Facebook може да го одбие пристапот до гифовите до други платформи или може да ги промени условите за пристап, предупредиле регулаторите.
Тие исто така посочиле дека Giphy развил услуги за рекламирање, но по договор со Фејсбук се откажале од тој дел од бизнисот, со што се ограничила пазарната конкуренција во тој сегмент.
Facebook ги побива овие заклучоци и во писмото објавено денеска се спротивставиле на продажбата на Giphy.
„Фактот дека CMA не можеше да издаде налог во случајот против Giphy покренува сериозни прашања во врска со спроведувањето на нарачките за продажба и валидноста на таквите нарачки воопшто“, напишале од Facebook.
Привремените резултати од анализата на CMA содржат „фундаментални грешки“, велат од Facebook, додавајќи дека регулаторот не предложил решенија, надвор од продажбата, кои ќе бидат „далеку помалку агресивни, но подеднакво ефикасни“ и ќе дадат зелено светло за трансакцијата.
Американската компанија не сакала дополнително да го коментира писмото, а британскиот регулатор не одговорил веднаш на барањето на Ројтерс да го коментира.
Извор: B92.net