Facebook почна со тестирање на темниот режим во рамките на својата апликација на поголем број корисници. Jane Manchun Wong потврди дека социјалната мрежа јавно го тестира Dark Mode на Android и iOS верзиите на апликацијата.
Оние кои веќе ја добиле опцијата, пристап до копчето за темен режим ќе имаат во рамките на Settings & Privacy секцијата на Мени табот. Опцијата може да се вклучи/исклучи рачно или може да им се прилагоди на системските подесувања. Доколку се користи темен режим на ниво на оперативниот систем, што се вклучува кога ќе зајде сонцето, Facebook може да ги следи тие известувања.
Facebook is publicly testing Dark Mode! ?
You asked it, I chatted with Facebook’s @alexvoica about it and here’s a video made in collaboration with Facebook! pic.twitter.com/TGjdTXDxoP
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) October 30, 2020
Facebook во март на корисниците на десктоп им овозможи да користат темен режим, додека пратечките апликации (како што е Messenger), оваа функција ја имале уште од 2019. година. Сега конечно пристигнува и на мобилните верзии на Facebook.
je u martu korisnicima na desktopu omogućio da koriste tamni mod, dok su prateće aplikacije (kao što je Messenger) ovu mogućnost imale još od 2019. Sada konačno stiže i na mobilne verzije Facebooka.