Firefox тестира вграден блокатор на огласи на iOS кој може да блокира реклами, тракери, скокачки (pop-up) прозорци и прекривни елементи, без потреба од екстензии од трети страни.
Пред неколку дена, Firefox беше меѓу последните големи веб прелистувачи кои продолжија да го поддржуваат uBlock Origin, додека други производители како Google и Microsoft одлучија да ја прекинат поддршката за екстензијата Manifest V2. Овој потег ѝ помогна на Mozilla да добие привлечност кај корисниците, а сега се обидува да го искористи тој моментум со воведување вграден блокатор на реклами во Firefox за iOS.
На страницата за поддршка објавена неодамна, Mozilla документираше експериментална функција која им овозможува на корисниците изворно да блокираат реклами во апликацијата Firefox за iOS, без да се потпираат на решенија од трети страни како што се екстензии.
Овој блокатор на реклами ќе ограничи голем број видови реклами на „мрежно ниво“, вклучувајќи системи за рекламирање од трети страни, придружни елементи поврзани со реклами, реклами од трети страни на веб-страници и други форми на наметливо рекламирање, како што се pop-up прозорци или видео преклопувања.
Сепак, Mozilla забележува дека ова решение не е совршено, бидејќи различните веб-страници користат различни технологии за прикажување реклами и можеби нема да биде можно да се блокираат сите. Дополнително, Firefox нема намерно да ги блокира рекламите прикажани на страниците со резултати од пребарувањето (како Google Search), ниту пак ќе ја блокира спонзорираната содржина прикажана од самиот Firefox.
Иако овој ad blocker ќе биде исклучен по дифолт, корисниците можат да го вклучат со отворање на менито Firefox за iOS, допирање на Settings, скролување до Browsing > Content и вклучување на опцијата Ad Blocker. Исто така, можете брзо да го вклучите или исклучите за поединечни сесии на прелистување со отворање на менито на страницата и менување на поставката за блокирање реклами.
Бидејќи ова е експериментална функција, Mozilla постепено ја воведува само за одбраи корисници. Компанијата вели дека се потпира на листа со филтри заснована на EasyList за да блокира многу реклами пред да се вчитаат, но останува да се види кога ова решение ќе стане доволно стабилно за Mozilla да ја објави својата општа достапност за сите корисници на Firefox на iOS.






