Samsung веќе некое време работи на следната генерација true-wireless слушалки во рамките на Galaxy Buds линијата. Samsung Galaxy Buds Pro не се очекуваат пред почетокот на 2021. година, но дојавувачот Evan Blass (@evleaks) сега ни дава идеја за тоа што можеме да очекуваме.

Galaxy Buds Pro, според навидте, ќе бидат првиот in-ear модел со ANC поддршка. Покрај тоа, in-ear дизајнот е изменет и оди во правец кој е поблизок на Buds или Buds+ моделите.

Се сугерира дека Galaxy Buds Pro слушалките ќе бидат објевени заедно со Samsung Galaxy S21 линијата, на почетокот на следната година, а FCC претходно откри дека ќе имаат  500mAh батерија.

Фотографиите на слуѓалките ја покажуваат виолетовата варијанта, а извесно е дека ќе постојат и други варијанти на бои. Evleaks споменува и дека Galaxy Buds Pro (иако се споменува и името Galaxy Buds Beyond) ќе биде дополнителна, а не заменска линија слушалки, и дека претходните модели ќе имаат снижена цена кога ќе се појави новиот модел.