Според најновите информации на дојавувачот Рос Јанг, претстојната Samsung Galaxy S21 серија ќе има три варијанти: стандардниот Galaxy S21 модел, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra.

Неговите извори сугерираат дека стандардниот S21 ќе пристигне во сива, розева, виолетова и бела боја, додека Galaxy S21+ ќе биде достапен само во црна и сребрена варијанта. Galaxy S21 Ultra се очекува во сива и сребрена, како и во виолетова верзија.

Galaxy S21 линијата се очекува нешто порано од вообичаеното, а гласините укажуваат на објава веќе во текот на јануари. Телефоните од новата серија веќе почнавме да ги гледаме се почесто во вестите, а имавме прилика да видиме и бројни рендери од претстојните уреди.

Скиците ни покажаа интересен систем со обвиткувачки камери, но исто така и помали рамки, како и рамни дисплеи за два од трите модела. Заоблени рабови околу екранот ќе има само Galaxy S21 Ultra.

Покрај ова, гласините сугерираат дека не би требало да се очекува сензор за отпечаток од прстот под екранот на Galaxy S21 серијата, а останува да се види дали тоа ќе се обистини.