Samsung ќе го одржи својот втор Unpacked настан оваа година на 11 август, во текот на кој се очекува да бидат претставени нови флексибилни телефони, Galaxy Buds2 слушалки и паметни часовници. Многумина веруваа дека Galaxy S21 FE ќе биде претставен за време на настанот, но се чини дека тоа нема да се случи.
Според веб-страницата LetsGoDigital, која тврди дека имала увид во документацијата на Samsung, Galaxy S21 FE нема да биде претставен како дел од претстојниот настан Unpacked на Samsung.
Овој извештај се поклопува со претходните информации од јуни, кога се сугерираше дека S21 FE нема да биде објавен за време на претстојниот настан. Последните извештаи наведуваат дека најевтиниот Galaxy S21 телефон нема да биде претставен пред октомври, а можеби и подоцна.
Samsung Galaxy S21 FE се очекува да има 6,4-инчен FullHD+ Super AMOLED панел, со брзина на освежување од 120Hz. Од старт ќе поддржува Android 11, а ќе има пластична задна страна. Телефонот ќе работи со Snapdragon 888 чипсет, а може да има варијанта и со Exynos 2100 чип. Телефонот се појави на рендери во сива, бела, виолетова и зелена боја.