Пролетта е совршено време за промени. Природата се буди во целата своја убавина – мириси, бои и позитивна енергија. Се будиме од долгата зима и се вивнуваме кон нови почетоци!
Пролетни бои, пролетни дождови, пролетно чистење. Пролетта е совршениот период да се ослободиме од сè она што ни ја нарушува хармонијата. Можност да се размрдаме, да го расчистиме просторот и да се ослободиме од зимската меланхолија. Оваа пролет создадете нови традиции и релаксирајте се. Сè што ви треба е малку фантазија и мала помош од Galaxy S22 и S22+.
Одиме на викенд!
Има ли подобар начин за чистење на умот и телото од викенд на море или планина? Се разбира не! Особено сега кога конечно после 2 години можеме слободно да патуваме и да создаваме нови спомени. Подгответе ја торбицата со книга, лесна облека и очила за сонце и заедно со вашиот најдобар пријател – Galaxy S22 или S22+ овековечете ги новите почетоци и наполнете ги батериите. Благодарение на тројната задна камера и селфи камерата на Galaxy S22 и S22+ добивате чувство дека поседувате професионална опрема што ја носите насекаде со вас! Моќната главна камера од 50 MP, телефото камерата од 10 MP и ултра широката камера од 12 MP, покрај одличните фотографии, снимаат и стабилни видеа без заматување, кои ќе останат стабилни дури и кога сте во движење. Интелигентната технологија ќе го отстрани шумот во секој кадар за да добиете висококвалитетни, живописни снимки во секое опкружување, подготвени за Instagram, TikTok и многу повеќе!
Сонцето е нашиот најдобар пријател
Со Galaxy S22 или S22+ непречено уживајте во долгите прошетки во природа и уживањето во пролетното милување на сончевите зраци. Светлиот екран на Galaxy S22 и најсветлиот екран на Galaxy S22+ со своите неверојатни 120 Hz Infinity-O дисплеи се создадени со технологија Dynamic AMOLED 2X со Vision Booster како би имале поголема видливост надвор. Без никаков отсјај глетката ќе биде јасна дење и ноќе.
Ја славиме пролетта со забава под ѕвездите
Конечно можеме да ги собереме пријателите и да се забавуваме од утро до мрак! Што ви е потребно? Идеја за тематска забава, светилки, миризливи свеќички, одличен избор на музика и добро одбрано друштво. Стримувајте музика од вашиот Galaxy S22 или S22+ и танцувајте до изгрејсонце. Сакате да ја однесете забавата на повисоко ниво? Организирајте фото и видео предизвик! Направете супер видео компилација од сите ваши авантури користејќи ги функциите за видео уредување на Galaxy S22 и S22+.
Откријте ново хоби
Што велите за поттикнување на креативноста и откривање на бескрајните можности кои ги нуди фотографијата и видеото? Опцијата наречена Nightography е револуционерна комбинација која овозможува ноќен приказ на сцените како никогаш досега. Со интелигентните опции Super Night Solution и Adaptive Pixel сензорот, ќе добиете оптимално осветлени фотографии со живописни бои. Galaxy S22 и S22 + имаат голем сензор кој ги зголемува пикселите за да привлече светлина, а супер проѕирното стакло го намалува одблесокот на објективот – сето тоа за ноќните фотографии и видеа да бидат јасни како ден! Новата функција AI Stereo Depth Map ги прави фотографиите уште подобри, а дури и најситните детали се видливо јасни. Night Solution се активира при фотографирање на портрети, но и при зумирање, а истата работи и на предната камера кога правите селфи.
Одете на фото прошетка
Сметате дека прилично добро си го познавате соседството? Го шетате кучето. Одите на работа. Купувате намирници. Но што ако си дадете себеси нова причина да излезете во областа каде што живеете? Кои нови работи би можеле да ги видите? Пред да излезете, осмислете пет фото предизвици. На пример, „слика од впечатлив велосипедист“, „нешто што ве натерало да останете без здив“ или „слика која предизвикала силна емоција“. Бидете креативни колку што сакате, а потоа излезете со Galaxy S22 или S22+ и не враќајте се додека не добиете фотографија која ги задоволува сите ваши услови.
Уживајте во здодевноста
Најголемиот дел од креативноста доаѓа од моменти кога мозокот не е активно преокупиран и може да се фокусира на терцијарни информации кои сте ги примиле во текот на денот. Кога не сме сконцентрирани на нешто конкретно, нашата ментална енергија може да биде пренасочена на сортирање, процесирање и разбирање на ситниците кои се уште ни се мотаат низ глава, а кои сме биле презафатени за да ги забележиме. Ако некогаш сте почувствувале дека најдобрите идеи ви доаѓаат додека се туширате, сега знаете зошто. Закажете си секојдневно време за пауза за да дозволите да патувате со мислите и да ги креирате идните фото предизвици за вашиот Galaxy S22 или S22+ .
Олеснете си го секојдневието
Без разлика дали ги извршувате секојдневните работни активности, гејмате цела вечер или едноставно ги истражувате бескрајните можности кои ги нуди интернетот, 4 nm процесорот на Galaxy S22 и S22+ овозможува неверојатно фино искуство. Плус, не мора повеќе да се грижите дека ќе останете со празна батерија. Батеријата на Galaxy S22 и S22+ интелигентно се приспособува на начинот на кој го користите телефонот, така што трае многу повеќе од 24 часа.
Повеќе информации за овие уреди можете да најдете на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/