Моментно се очекува дека Samsung ќе претстави три Galaxy Tab S8 таблет уреди, заедно со Galaxy S22 телефони. Во двете линии, Ultra моделите ќе бидат најмоќни.

Според наводите, Samsung Galaxy Tab S8 Ultra (SM-X906B) ќе има 14,6-инчен OLED дисплеј со 120Hz стапка на освежување. Дојавувачот Ice Universe тврди дека и екранот ќе има 2960 x 1848p резолуција (16:10 однос).

Покрај тоа, таблетот ќе го напојува и 11500mAh батерија, која ќе се полни преку 45W полнач. Се очекува дека Tab S8 Ultra и Galaxy S22 Ultra и натамуу ќе можат да делат заеднички полначи (S22 ќе користи 10V/4.5A адаптер).

Засновани на претходните извештаи на дојавувачите, Tab S8 линијата ќе користи Snapdragon 898 чипови наместо Exynos 2200.

Се очекува дека Galaxy Tab S8 ќе има 11-инчен LCD екран, додека S8+ ќе биде опремен со 12,4-инчен OLED екран со 120Hz освежување. Сите три таблет уреди ќе има 45w полнење, а главните разлики ќе бидат во големината на екранот, батеријата и цената.