Минатата недела, дојавувачот Ice Universe објави на Twitter дека претстојниот флексибилен телефон на Samsung, Galaxy Z Flip3, ќе ја има истата опција за полнење од 15W, како и оригиналниот Galaxy Z Flip. Сепак, неодамнешниот сертификат за 3C за Z Flip3 ги побива овие тврдења.

Сертификатот покажува дека Z Flip3, со ознака за моделот SM-F7110 e поврзан со EP-TA200 и EP-TA800 полначите. Не е познато со кој од овие модели ќе пристигне телефонот, но потврдува дека телефонот ќе биде компатибилен со побрзи од двата полначи. EP-TA200 е адаптивен полнач од 15W, додека EP-TA800 е полнач од 25W кој се очекува во пакувањето со Galaxy Z Fold3 телефонот.

Интересно е дека овој 3C листинг е поинаков од оној што се појави во мај. Иако листата го наведува SM-F7110 моделот, тогаш не се споменуваше EP-TA800 полначот, што го гледаме во најновата 3C сертификација.

Најновите телефони со флексибилен екран на Samsung, Galaxy Z Flip3 и Galaxy Z Fold3, ќе бидат претставени на 11. август во рамкките на Unpacked настанот.