Минатата година прв пат слушнавме за Lite верзијата на Samsung Galaxy Z Flip3 телефонот. Меѓутоа, оттогаш малку информации се појавија за уредот, а многумина сугерираа дека работата на смартфонот е прекината поради глобалниот недостиг на чипови. Сега Korea Herald објави нови информации, кои истакнуваат дека Samsung подготвува Lite модел за претстојниот Unpacked настан.
Речиси е сигурно дека Samsung ќе ги претстави Galaxy Z Flip3 и Z Fold3 во текот на следниот Unpacked, а според бројните гласини Z Flip3 ќе има значајно пониска цена во однос на претходниот модел. Сепак, потребно е со доза резерва да се земат информациите за објава на Z Flip3 Lite модел, со оглед на тоа што за него не слушнавме ништо во претходниот период.
Покрај тоа, информациите за откажување на Z Flip3 Lite телефонот би можеле да бидат само делумно точни. Телефонот можеби се уште не е подготвен за објава, бидејќи немавме никакви спецификации, ни рендери од уредот, што сугерира дека би можел да биде објавен подоцна во текот на годината, но не и во целост откажан.