Vivo S10 веќе се појавуваше во вестите пред неколку дена, а сега телефонот е забележан во Geekbench базата со ознака на модел V2121A.

Geekbench листингот потврдува дека теелфонот го покренува MediaTek Dimensity 1100 чипсет. Покрај тоа, потврдена е и варијантата со 12GB RAM. Претходните информации укажуваа на модел со 8GB.

Базата на податоци не открива други детали за смартфонот, освен споменатите карактеристики, но ова е секако знак дека се приближува објавата на Vivo S10 моделот.

Претходно веќе дознавме дека Vivo S10 ќе има 108MP главна камера, NFC поддршка, UFS 3.1 складирање, 44W полнење и Android 11 софтвер.