Го добивме најновиот модел во рамките на Gemini, кој генерира уште подобри видеа.
Американската технолошка компанија Google објави дека започнала со воведување на својот најнов модел за генерирање видеа, Veo 3, во повеќе од 159 земји низ целиот свет.
Новиот модел ќе им биде достапен на корисниците на услугата за вештачка интелигенција Gemini на Google кои плаќаат месечно за услугата Google AI Pro, објави Tech Crunch.
Во овој момент, корисниците ќе можат да генерираат максимум три видеа дневно, по што ќе бидат вратени на моделот од претходната генерација Veo 2.
Google го претстави Veо 3 на својата мајска I/O конференција, наведувајќи дека корисникот може да креира видеа до осум секунди врз основа на барање.
Покрај тоа, беше воведена нова алатка наречена Flow, која користи модели Veo 3 и Imagen 4 за креирање видеа базирани на текстуални барања или слики.
Flow им овозможува на корисниците да комбинираат сцени, да додаваат звучни ефекти и да креираат подолги видеа, што овозможува демократизација на филмската продукција, соопшти Google.
Компанијата, исто така, лансираше нов модел на вештачка интелигенција, Gemini 2.5 Pro, кој носи подобрени можности за расудување и кодирање, како и режим на „длабоко размислување“ за сложени математички и програмски барања.