Google на корисниците ќе им помогне во блокирањето на потенцијалните обиди на фишинг.
Компанијата имплементираше нова поставка, која ќе го олесни блокирањето на несаканите покани во рамките на календарот.
Сајбер-криминалците често ги користат овие несакани покани како средство за „ловење“ на корисниците, односно за фишинг, но и други видови сајбер напади.
Поставката „Автоматско додавање покани“ е подобрена, а опцијата овозможува да се избере помеѓу автоматско додавање покани во календарот или нивно додавање само ако корисникот одговорил на повикот преку е-пошта.
Оваа функција стандардно ќе биде оневозможена, а корисникот може да ја активира со одење до поставките за Google Calendar.
Google веќе некое време работи на решение што ќе ги спречи спамерите автоматски да испраќаат несакана е-пошта до корисниците.
Ова ќе биде особено важно за корисниците на Google Calendar, кој е исклучително популарна апликација на сите платформи, а е преземена повеќе од милијарда пати само на Android.