Google се соочува со проблеми во Швајцарија, а причината е нарушувањето на пазарната конкуренција.
Швајцарската комисија за заштита на конкуренцијата (Weko) објави дека започнала прелиминарна истрага против Google поради сомневање дека неговата практика на одредување на стандарден интернет прелистувач ја нарушува пазарната конкуренција и го крши законот.
Истрагата е започната поради одлуката на Google да ја укине опцијата во Швајцарија што им овозможуваше на корисниците да го изберат стандардниот прелистувач кога првпат поставуваат нов Android уред, објавува Swiss Info.
По укинувањето на оваа опција, пребарувањето на Google автоматски се поставува како стандарден прелистувач на новите паметни телефони, така што корисниците повеќе не можат да избираат како порано.
Google ја задржа опцијата за избор на стандарден прелистувач за корисниците во Европската Унија.
Комисијата за конкуренција истакнува дека отстранувањето на оваа опција во Швајцарија би можело да ја намали видливоста на конкурентските пребарувачи и да им го отежни влегувањето на пазарот.
Целта на прелиминарната истрага е да се утврди дали постојат основи за сомневање дека Google го прекршил швајцарскиот закон на пазарната конкуренција.
Регулаторот изјави дека резултатите од истрагата би можеле да бидат значајни и за проценка на слични практики во врска со стандардните поставки на други мобилни уреди.





