Google официјално ја најави интеграцијата на Tasks со својата Calendar апликација на мобилните уреди, и оваа промена на сите уреди би требало да пристигне во следните две недели.

„Додавањето на апликацијата со задачи го прави видливо сето она што би требало да го направите и ви овозможува распоредот да биде попрегледен, и полесно и поедноставно да можете да располагате со своето време за да го завршите сето она што ви е битно“, стои во блогот на компанијата.

Со вклучената функција, задачите во Google Tasks со датумите директно ќе се појават во вашите „насатни“ во календарот. Исто така, можете директно од Calendar апликацијата да направите некои „задачи“, така што не морате да ги имате и Calendar и Tasks апликациите двете инсталирани на вашиот уред.