Google конечно би можел да го донесе темниот режим (Dark mode) за веб пребарувањата на десктоп браузерите. 9to5Google пренесува дека корисниците откриле дека таков режим е во тестирање. Во тест верзијата увид накратко имаше корисникот на Reddit – Pixel3aXL, кој наведе дека почетната страница не е променета, но дека работи и на останатите прелистувачи, како Firefox.

Ова значи дека ќе ја видите истата страница, само наместо бела ќе биде темно сива позадина. Не е сигурно дали Google некогаш ќе ја прошири достапноста за другите корисници. Сепак, не би требало ни да зачуди доколку Google Search Dark Mode за PC го видиме во следните месеци.

Оперативните системи macOS и Windows 10 имаат свои темни теми веќе некое време, а Chrome ги поддржува темните модови за поединечните сајтови. Темната позадина на најпопуларниот пребарувач на светот би била уште една помош за очите на корисниците, кои се повеќе време поминуваат покрај своите компјутери.