Во текот на изминатите месеци, Honor ја потврди соработката со голем број компании во индустријата. Во следниот период, производите на оваа компанија ќе поминат низ процес на тестирање со цел да добијат Google Play Protect сертификат, а со тоа и потврда дека на нив ќе можат да се користат апликации од Google Play Store.

Така, на идните телефони на Honor ќе бидат инсталирани Google Mobile Services (GMS) во согласност со лиценците на Google. Корисниците на смартфоните и таблет уредите на Honor ќе имаат можност да ги користат услугите и апликациите на Google, веќе со Honor 50 серијата.

Ова го потврди и претставникот на брендот Honor, нагласувајќи дека компанијата ја продолжува својата посветеност на иновациите во технолошкиот свет, како и дека соработката помеѓу Honor и Google ќе доведе до развој на Android екосистемот и унапредувањето на корисничкото искуство ширум светот.