Пред околу една година, Google истакна дека Assistant ќе понуди можност за промена на компромитирани лозинки, а компанијата сега го исполнува тоа ветување.
Според извештаите на медиумите, Google Assistant прикажува известувања до корисниците на Chrome за оваа опција, а тоа ги вклучува и корисниците на платформата Android.
Кога ќе се најавите на страницата со компромитирана лозинка, ќе добиете препознатливо предупредување „change your password“, додека на некои сајтови ќе имате опцијата „Assistant“ автоматски да ја прави таа промена.
Корисникот може да ја преземе контролата во секое време, но функцијата може да биде корисна ако не сакате да губите време за одредување побезбедна опција за најавување на одреден сајт.
Опцијата Assistant ја користи вештачката интелигенција (AI) на веб-верзијата на Google на Duplex, за навигација низ сајтови и примена на промени во лозинката. Вештачката интелигенција знае како да кликнува, скролува и пополнува формулари за кои обично е потребна човечка интервенција.
Функцијата не работи на секој сајт во моментот, со оглед на тоа дека алатката за лозинки за Google Assistant е достапна за релативно мал број на корисници откако беше воведена минатиот мај.