Прилагодените позадини конечно пристигнуваат на Google Meet, но сега за сите корисници. Најпрвин Google ќе ја објави оваа функција за поголем дел од своите корисници што ја користат веб апликацијата. Во овој момент, прилагодени позадини е можно да се користат на Chrome OS, Windows и Mac – со тоа штое потребно да му се пристапи на Meet преку Chrome прегледникот. Сепак, нема да морате да инсталирате никаква екстензија или дополнителен софтвер и тоа е за пофалба.

Што се однесува до самата функција, од библиотеката можете да изберете фотографии што ги подготвил Google или да снимите некоја од своите. Меѓу фотографиите штос е веќе тука, ќе најдете фотографии од канцеларии, пејзажи на природа, но и апстрактни позадини. Google наведува дека прилагоидените позадини на Google Meet ќе им овозможат на корисниците „подобро да го искажат својот карактер“, иако сите сме веќе запознаени со тоа, бидејќи претходно Zoom ја популаризираше оваа функција.

Од компанијата наведуваат дека ќе им биде потребна една недела да ја имплементираат во целост. За користење на функцијата на телефонот, сепак ќе морате да почекате, бидејќи Google наведува дека поддршката за мобилни телефони „доаѓа наскоро“.