Google наскоро ќе додаде неколку интересни нови функции во својата Fit апликација за Pixel телефоните.

Корисниците ќе можат да ги читаат отчукувањата на срцето со поставување на прстот на камерата на задната страна. Ова функционира така што се следи промената на бојата кога крвта поминува низ врвот на прстот. Од друга страна, отчитувањето на фреквенцијата на дишење работи во комбинација со селфи камерата, каде што корисникот се позиционира во рамка, а потоа само дише.

Менаџерот на Google Health сервисот истакнува дека системот за машинско учење на компанијата имплементира систем што лекарите го користат при мерењето на фреквенцијата на дишење кај пациентите.

Според податоците од интерна студија на Google, функцијата за мерење на фреквенцијата на дишење е прецизна за корисниците без или со здравствени проблеми. Покрај тоа, отчитувањето на работата на срцето е прецизно  со грешка до два проценти.

Споменатите функции во иднина би можеле да пристигнат и кај уредите што не и припаѓаат на Pixel линијата, но Google прво сака да тестира како ќе функционираат на смартфоните на компанијата.