Google Pixel Buds, A серијата безжични слушалки повторно се појави на интернет, овој пат во твит на официјалниот профил на компанијата. Твитот кој сега е избришан, покажа дека Pixel Buds A-Series имаат сличен дизајн како Pixel Buds кои моментно се достапни во САД. Слушалките претходно се забележани во е-пораката која содржи промотивен слајд на Nest производи, а се појавија и на веб-локација на Федералната комисија за комуникација (FCC).

Според избришаниот твит од Android профилот, кој Google го користи за промоција на новите функции на Android оперативниот систем или Google услугите, „Pixel Buds A-Series“ ја нуди технологијата Fast Pair за брзо Bluetooth спарување. Твитот што беше забележан од XDA-Developers, посочува и дека овие слушалки ќе бидат компатибилни со сите Android паметни телефони кои работат на Android 6.0 и поновите верзии.

Како што веќе споменавме, ова не е прв пат да протечат информации за овие достапни слушалки. Минатиот пат тоа беше на почетокот на овој месец кога корисниците на Google Nest наводно добија мејл во кој на промотивен простер се прикажани различни Nest производи, како и малата слика од TWS слушалки со темнозелени елементи. Google веќе ги нуди Pixel Buds во Quint Mint бојата во САД, а зелената боја во овие слушалки – за која сега прилично е потврдено дека е од Pixel-A серијата, е многу потемна од Quite Mint Pixel Buds.

Покрај тоа, две TWS слушалки со броеви на модел GPQY2 и G7YPJ, за кои се верува дека се од Google Pixel Buds A-Series, се забележани на веб сајтот на FCC (преку 9to5Google). На листата се наведува дека уредот е опремен со Bluetooth v5.2 и има димензии 27x20x15 mm, што е слично на Pixel Buds слушалките достапни во САД.