Со новата функција „Purchase Request“, децата може да испраќаат барања за одобрување за купување апликации или во рамките на апликација, до родителите и старателите.
Google Play сега им дозволува на децата да испраќаат барања за купување, а барањата може да се упатат до родителите и старателите.
Таа продавница за апликации веќе нуди алатки за ограничување на купувањата од страна на децата, користејќи го семејниот начин на плаќање. Но, сега додадоа уште една функција – Purchase Request – што ќе му овозможи на детето да испрати барање за одобрување до лицето кое управува со семејната корисничка сметка кога не е присутен начинот на плаќање.
Децата може да поднесат барање за одобрување за платена апликација и купувања во рамките на апликацијата во случаи кога семејството не поставило начин на плаќање.
Откако лицето што управува со семејната сметка ќе го добие барањето, може да користи сопствен начин на плаќање (вклучувајќи картички за подарок) за да го одобри барањето и да го заврши купувањето. Тие барања ќе бидат во табовите Pending и History.
Овој начин на овластување за плаќање најдобро функционира во ситуации кога сакате да имате целосна контрола врз трошењето што го прави вашето дете или семејство.
Достапен е преглед на сите апликации и купувања во апликации со кои децата доаѓаат во контакт. Можете да ги одбиете оние што ги сметате за штетни или непожелни поради која било причина.
Во последните неколку месеци, Google воведе неколку промени за да обезбеди подобар преглед на тоа како децата ги користат неговите услуги.
Во октомври воведоа ново издание на апликацијата Family Link, која меѓу другото доби и веб издание.
Минатиот ноември, тие најавија промени во политиката за Play Store, што ќе ги направи построги правилата кои одредуваат кои апликации се погодни за деца, пишува Tech Crunch.