Веќе некое време се зборува за гаснење на Google Play Music апликацијата, а финалната фаза почна во септември. Корисниците до декември ќе можат да управуваат со своите сопдржини и тоа време да го искористат своите омилени песни да ги преселат на YouTube Music.

Без апликацијата во септември останаа Австралија и Нов Зеланд, а во октомври тоа се пренесе и на остатокот од светот, што значи дека корисниците повеќе нема да можат да слушаат музички содржини во рамките на оваа платформа. Google уште во мај понуди алатка со помош на која содржините можат да се преселат од Google Play Music на YouTube Music. Благодарение на тоа корисниците можат на новата платформа да ги сместат сите плејлисти што ги креирале во претходниот период, и сето она што го купиле во рамките на Play Music апликацијата. Откако ќе заврши декември, сите содржини ќе бидат избришани.

На оние на кои Play Music им беше основен избор за слушање музика, а немаат проблем со стриминг апликациите, сигурно ќе го изберат YouTube Music. Тука се и другите локални плеери за Android, како Music Player Go, Poweramp Music Player, Poweramp Music Player, Pulsar Music Player, VLC за Android, AIMP, Simple Music Player и Musicolet.