Play Store официјално наполни 10 години, а Google реши оваа годишнина да ја официјализира и да ја одбележи со соодветен настан.
Покрај новото лого, кое ќе го краси Google Play Store, од 25 јули почна промоција која ќе ги награди членовите на програмата со десет пати повеќе Play Points за направените набавки.
This year marks our 10th year of Google Play-ing. To celebrate, we’re offering Play Points members a 10x points boost, starting today. How has it been a DECADE ??? Claim your points boost here: https://t.co/xoVIQsxHns #PlayTurns10 pic.twitter.com/76pQbQqDBY
— Google Play (@GooglePlay) July 25, 2022
Google ја објави Play Store во 2012 година, со цел да ги консолидира сите свои продавници во тоа време во една продавница: Android Market (апликации), музика, е-книги и видео. После тоа, корисниците можеа да купат се што ќе понуди Google на еден сајт и преку голем број апликации.
Годишнината на продавницата доаѓа во време кога Play Store во голема мера се развива. Компанијата го преработи Play Newsstand во Google News во текот на 2018 година, додека во 2020 година го заврши префрлањето од Play Music на YouTube Music. Во текот на оваа година, делот Movies & TV ќе биде повлечен и содржината ќе биде преместена во ТВ апликацијата.
Play Store е сè уште недопрена, но е значително повеќе фокусиран на одредени сегменти отколку пред десет години. Google мораше да ја земе предвид и безбедноста, па во јуни оваа година ја заостри политиката за користење, која налага сите апликации да го користат системот за наплата на Play Store.
Европската унија делумно го промени тој пристап со своите правила, кои бараат пристап до надворешни платформи за плаќање. Тоа е она кон што се стремат и другите регулатори, на што Play Store ќе мора да се прилагоди во иднина.