Google направи уште еден чекор кон најавување без лозинка на уредите, а најновиот се однесува на корисниците на Android.

Google одлучи да им обезбеди на корисниците полесен начин за најавување на уредите, како и да ги спаси од запомнување на голем број лозинки.

Пристапувањето до сметки со помош на passkey станува сè попопуларно и голем број услуги го воведуваат, па затоа Google одлучи да ја направи технологијата уште подостапна на Android уредите.

Функцијата се нарекува „автоматско креирање Passkey“ и без многу помпа е веќе достапна на некои Android уреди.

Passkey, односно пристапни клучеви, се популарни бидејќи не бараат внесување лозинки. Наместо тоа, идентитетот на корисникот се потврдува со внесување ПИН код, отпечаток од прст или препознавање на лице.

Анализите покажуваат дека опцијата за најавување со passkey, покрај тоа што го олеснува најавувањето на сметките, значително го намалува ризикот од кражба на лозинки и други напади.

Google постепено ја воведува опцијата Passkey и им препорачува на корисниците прво да го ажурираат Play Store на најновата верзија, а потоа да ги проверат поставките за да видат дали опцијата е активна. Функцијата треба да се вклучи автоматски, а корисниците можат да ја исклучат доколку сакаат.